Фулам слави враќање во Премиерлигата

Фулам и официјално е првиот тим кој од Чемпионшип обезбеди пласман во Премиерлигата. Практично, тимот од Лондон по само една година пауза, се враќа во најелитното друштво во Англија.

Екипата од „Кревин Котиџ“ местото во одбраното друштво го обезбеди со вечерашната победа над Престон од 3-0. Митровиќ постигна два гола, и еден Карваљо.

Со тоа Фулам сега се стекна со предност од 13 бодови плус од третопалсираниот Хадерсфилд, кој има за играње уште четири меча, со што нема никаква можност да го стигне Фулам на табелата.

Се вчитува...