Жељко Копиќ повеќе не е тренер на хрватскиот шампион, Динамо Загреб, потврдија од клубот. Вчерашниот пораз во дербито на „Полјуд“ против Хајдук му пресуди на 44-годишниот стратег.
Копиќ го остави Динамо Загреб на првото место на табелата во хрватската лига со два бода повеќе од Осијек и четири повеќе од Хајдук. Динамо по повод отказот се обрати со официјално соопштение.
„ГНК Динамо ја информира јавноста дека господинот Жељко Копиќ повеќе не е тренер на нашиот тим. Тој го презеде клубот во декември 2021 година и го водеше клубот од Загреб на вкупно 19 официјални натпревари. Тој запиша 13 победи, 2 нерешени и 4 порази со гол разлика од 27-10, а посебно се истакнуваат победите против Вест Хем јунајтед и Севилја во Лигата на Европа“, стои во соопштението на хрватскиот шампион.
Во следните неколку дена „модрите“ ќе го објават наследникот на Копиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА