Тимот на Тајсон објасни што точно се случувало во авионот пред да го претепа момчето (ВИДЕО)

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон претепа момче во авион кој леташе на релација Сан Франциско – Флорида, во САД.

Веста за судирот на Тајсон со наводно пијаното момче веднаш се пренесе во американските медиуми, а денес и информациите што вистински му претходело на инцидентот.

Пензионираниот боксер најпрво ја исполнил желбата на момчето за заедничка фотографија кое седело зад него, но и покрај инсистирањето на „пијаниот“ патник не сакал потоа да разговара со него. Тој продолжил со инсистирањето обраќајќи се до Тајсон се додека легендарниот боксер не му рекол да престане. А, Мајк Тајсон насилен станал откако овој истурил боца со вода врз него, наведуваат од тимот на Тајсон, притоа додавајќи дека пијаниот патник бил и агресивен.

Тајсон откако е истурена вода на него, веднаш се подигнал од своето место се свртел кон провокаторот и со неколку удари, успеал да му ја раскрвари и главата. На момчето потоа му е пружена и лекарска помош, но неговите повреди се окарактеризирани како повреди сосема безопасни по живот.

 

Се вчитува...