Боксерот Тајсон Фјури денескс се враќа во рингот за борба со Дилијан Вајт на која ќе ја брани светската титула во ВБЦ верзијата, што ја освои и ја одбрани по триологијата со Деонтеј Вајлдер.
Ова ќе биде историска борба, бидејќи истата ќе чини неверојатни 41 милион долари. Промоторот Френк Ворен ја понуди оваа сума и ја доби организацијата на пресметката пред „Мечрум боксинг“, кои понудија неверојатни 32,2 милиони долари.
Тоа значи дека Фјури доколку победи ќе добие 80 отсто од буџетот на борбата или околу 32,8 милиони долари, додека Вајт 8,2 милиони.
За Вајт ова ќе биде прва борба за шампионска титула и ќе се обиде да го изненади непоразениот Фјури. Искусниот 33-годишен тешкаш има само два порази во кариерата на 30 борби и тоа од Александер Поветкин и Ентони Џошуа.
„Вембли“, храмот на фудбалот во Лондон ќе биде локацијата која ќе забележи невидена посета, бидејќи на борбата меѓу Тајсон Фјури и Дилијан Вајт, чиј влог е шампионскиот појас во тешка категорија во верзијата ВБЦ, ќе има 94.000 гледачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА