Тимот на Аталанта ја збриша Венеција со 3-1 за да остане во трката за излез во Европа, а Торино исто така славеше против Специја со 2-1 во двата денешни мечеви од 33-то коло во италијанската Серија А.
„Божицата“, која ја прекина својата црна серија од три порази во низа, дојде до 15-та сезонска победа со головите на Марио Пашалиќ (44.), Дуван Запата (47.) и Луис Муриел (63.) со што сега има 54 бода, само два помалку од шестиот Лацио, а четири помалку од петтата Рома, која попладнево игра дерби со Интер, на пет кола до крајот на сезоната.
За Венеција ова беше осми пораз во низа со што овој клуб останува фенерџија со 22 бода и чекор поблизу да се врати во Серија Б.
Саша Лукиќ во четвртата и 69-та минута со два гола на „биковите“ им донесе победа против Специја за 11-та победа сезонава и зацврстување на средина од табелата, за разлика од противникот кој загуби 19-ти пат, но со 33 бода е во сигурната зона, дури 11 над местата за испаѓање и скоро извесен е опстанокот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА