Битката во тројка во Втората фудбалска лига на Македонија Исток продолжува и понатаму. Лидерот Слога Виница стигна до триумф на гостувањето кај Осогово со 0-1. Клучниот момент се случи во 59. минута кога Симевски донесе големи три бода за тимот од Виница.
До победа стигнаа и ривалите на тимот од Виница, Победа и Беласица. Прилепчани славеа на гостувањето кај Каменица Саса со 1-2, додека Беласица беше подобра од Пехчево со 3-0.
Во преостанатите два меча од оваа рунда Локомотива – Кожуф 0-7 и Братство – Детонит Јуниор 1-2.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (24. коло)
САСА – ПОБЕДА 1-2
ОСОГОВО – СЛОГА 0-1
ЛОКОМОТИВА – КОЖУФ 0-7
БРАТСТВО – ДЕТОНИТ ЈУНИОР 1-2
БЕЛАСИЦА – ПЕХЧЕВО 3-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА