Големата награда на Имола веќе во првиот круг ја донесе и првата „жртва“ откако по извртување Карлос Саинз не може да ја продолжи трката. Возачот на Ферари во тесниот свиок се судри со Рикардо по што двајцата завршија во песокот, а за Шпанецот трката е завршена, додека Австралијанецот се врати на патеката.
Проблемите за Ферари на оваа трка се уште поголеми бидејќи Леклер потфрли на отварањето и во моментот е на четвртата позиција на патеката зад Ферстапен, Перез и Норис.
Tremendo inicio de Checo y Max, Ricciardo y Sainz chocan al comienzo, de nueva cuenta el español se va sin lograr puntos para Ferrari #ImolaGP pic.twitter.com/2QE4gaBfYM
— David (@abraham_david11) April 24, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА