ПСЖ ја осигура титулата во француското првенство, но на четири кола пред крајот продолжува интересна битка за местата кои водат во европските натпреварувања следната сезона.
Интересно во игра за шест тима, а еден од нив е Стразбур кој денешниот пораз на гостувањето кај Лил од 0-1 може скапо да го чини. Херојот на домаќините беше турскиот интернационалец Зеки Челик кој во 87. минута успеа да ја затресе мрежата на Селс.
Со денешниот пораз Стразбур падна на 6. позиција на табелата со 56 освоени бода, еден помалку од Ница која е на позицијата која води во Конференциската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА