Макс Ферстапен извозе перфектен викенд на Големата награда на Имола. Холанѓанецот ја освои спринт трката во саботата со што стигна до осум бода, а потоа беше доминантен и во неделата во која извозе „приватна трка“ за уште 26 бода со кои убедливо ја намали негативата од Шарл Леклер.
Возачот на Ред Бул не го криеше задоволството од како што вели совршениот викенд, a истиот е заслуга на целиот тим.
„Почетокот на сезоната не беше добар и ваков викенд ни беше повеќе од потребен. Ова не беше добар, туку совршен викенд бидјеќи го освоивме првото и второто место. Не направивме ниедна грешкa, сите заминувања во боксот беa прецизни и перфектно завршени. На телевизија можеби изгледаше лесно, но целиот тим вложи многу труд за да се оствари тоа“, изјави младиот возач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА