Фехервар го сака Никола Серафимов

Во летниот преоден рок, Никола Серафимов би можел да ја смени средината во Унгарија и да се пресели во Фехервар. Тимот е заинтесиран за стоперот на македонскиот репрезентативец, но ќе мора да плати отштета со оглед дека дефанзивецот има договор до 2024 година.

Серафимов лани во јули од Академија Пандев се пресели во Унгарија во тимот на Залаегерцег, каде што имаше забележителни настапи сезонава, и неколку пати се наоѓаше во тимот на колото во првенството.

Фехервар во него гледа замена за Висар Муслиу, кој зимата се пресели во Германија, во тимот на Инголштад. Во минатото Серафимов беше дел од Вардар, Пелистер, Брегалница и Јихлава. Откако Благоја Милевски е селектор, редовно добива шанса во сениорскиот национален тим, но и натаму го чека официјалното деби во А репрезентацијата.

Се вчитува...