П0вредата што Кире Лазаров ја заработи на последниот меч од ЛЕ против Фуксе Берлин, а ја обнови на дуелот меѓу Македонија и Чешка очигледно е од посериозна природа, па македонскиот ас го очекува пауза од терените токму во клучниот дел од сезоната.
Поради тоа, Лазаров нема да може да настапи за Нант на денешниот домашен дуел со Магдебург, прв од четвртфиналето во Лигата на Европа во кој францускиот тим ќе се обиде да го земе скалпот на германскиот состав, кој воедно е и актуелен освојувач на Лигата на Европа на ЕХФ. Французите се уште немаат објавено колку долго Лазаров ќе отсуствува, но името на Македонецот не се најде во официјалниот записник за мечот, што е јасен предзнак дека нашиот „бомбардер“ нема да му биде на располагање на тренерот Ентрериос на вечерашниот тежок натпревар за Нант.
Лазаров ќе биде присутен во салата, откако Нант преку профилите на социјалните мрежи објави дека Македонецот ќе биде еден од двајцата ракометари задолжени за давање автограми и дружење со навивачите, заедно со Алекс Кавалканти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА