Не поминаа 11 минути од натпреварот меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, а веќе Сити води со 2-0. Откако Де Брујне во 2. минута погоди за водство, во 11. минута Жезус искористи грешка на одбраната на Реал и на Алаба, и ја затресе мрежата на Куртоа.
Се гледа дека Сити е крајно мотивиран да оствари добар резултат и да влезе во финалето на Лигата на шампионите. Засега од Реал не гледаме ништо од нивните квалитети, и главно се бранат од налетите на домашните.
Многу лесно стигнаа избраниците на Гвардиола до одлична предност против „кралевите“ кои сега мора да најдат начин да нападнат и да најдат пат до голот на Едерсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

