Кошаркарите на Реал Мадрид со вечерашната победа над Макаби во Тел Авив, се првите учесници на „фајнл-форот“ кој ќе се игра во Белград. „Кралевите“ во голем стил од почетокот до крајот на мечот водејќи над противникот, на крај оствари триумф од 87-76.
Само последната четвртина ја загуби шпанскиот тим, додека останатите ги доби во своја корист, а разликата ја направи по првиот дел, и потоа само ја одржуваше.
На Макаби не му помогнаа ниту 22 поени на Вилбекин, додека Реал Мадрид до победа го водеше Љуљ кој постигна 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА