Меѓународна хокеарска федерација (ИИХФ) и ја одзеде на Русија организацијата во хокеј на мраз во 2023 година.
ИИХФ најави дека на годишниот конгрес во Финска, ќе одлучи која земја ќе биде организатор на Мундијалот.
„Поради сигурноста на играчите, раководните лица, медиумите и навивачите, ИИХФ одлучи да и ја одзеде на Русија организацијата на Светското првенство кое требаше да се одржи во Санкт Петербург во 2023 година“, се вели во соопштенето на меѓународната хокеарска федерација.
Претходно ИИХФ ги исклучи репрезентациите на Русија и Белорусија од СП кое треба да се одржи во Финска оваа година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА