Рушевиќ правеше операција, Работнички без него до крајот на сезоната

Крилниот напаѓач на Работнички, Анес Рушевиќ, ќе го пропушти финишот на сезоната во Првата фудбалска лига. Тој имаше хируршка интервенција на слепото црево и ќе мора да паузира најмалку еден месец. Тоа значи дека нема да може да му помогне на тимот на последните четири првенствени натпревари оваа сезона.

„Се чувствувам добро, сега се е во најдобар ред и ми претстои период на рехабилитација. Благодарност за пораките на поддршка кои ги добив, а на соиграчите им посакувам многу успех на наредните натпревари“, вели Анес Рушевиќ.

Работнички в сабота го очекува гостување во Тетово и дуел против Шкендија во 30.коло од Првата фудбалска лига.

Се вчитува...