Денеска во Агенција за млади и спорт директорот Наумче Мојсовски го прими младиот боксер Петар Арсовски кој освои бронза медал на Европското првенство кое се одржа во Софија, Бугарија.
„Сигурни сме дека Петар ќе продолжи да нижи успеси и да освојува светски и европски превенства по примерот на нашите македонски боксерски легенди“, стои во соопштението на АМС.
„Успехот на Петар заедно со медалот на Ардијан Аземи од пред две години покажуваат дека имаме млади таленти со кои може да се работи и дека средствата кои АМС ги обезбедува се голема поддршка“ истакна претседателот на Боксерската федерација, Примислав Димовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА