Ненад Димитријевиќ и Валенсија се пласираа во полуфиналето на кошаркарскиот Еврокуп, откако вечерва на домашен терен славеа над екипата на француска Левалоа со 98-85. Домаќините уште од стартот тргнаа фуриозно постигнувајќи 32 поени во првата четвртина, а по 20 минути игра имаа двоцифрена предност (56-46).
До крајот само рутински го приведоа мечот за конечни 98-85. Ненад Димитријевиќ натпреварот го заврши со четири поени, еден скок и три асистенции, а една од нив беше и потегот на вечерта кога ги збудале кошаркарите на францускиот тим. Во полуфиналето Валенсија ќе игра со италијанската Виртус Болоња.
Bullet pass by Neno Dimitrijevic to find Jaime Pradilla for an easy two!@valenciabasket #7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/JFLDCQmG3o
— 7DAYS EuroCup (@EuroCup) April 27, 2022
Бурсаспор каде помошник тренер е нашиот Мирко Петрески, по елиминацијата на Партизан направи ново чудо совладувајќи ја Цедевита Олимпија на гостински терен со 83-85. Бурсаспор во полуфиналето ќе игра против Андора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА