„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Јирген Клоп е „господин перфектен“

Ливерпул со предност од 2-0 ќе патува на гостувањето кај Вилјареал во реваншот од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите. „Црвените“ синоќа на домашен терен славеа со автоголот на Еступињан и погодокот на Садио Мане.

Ова е четврта победа за менаџерот на тимот од „Енфилд“, Јирген Клоп во четвртиот натпревар на домашен терен во полуфиналињата од Лигата на шампионите. Тој со оваа победа се израмни на вечната листа со уште две фудбалски тренерски легенди, Марчело Липи и Отмар Хицфилд кои исто така имаат четири од четири.

Се вчитува...