Роналд Куман беше отпуштен од Барселона на крајот на октомври минатата година, а на негово место седна клупската легенда Чави. Каталонците со младиот тренер успеа да оствари неколку одлични резултати, но во последно време екипата игра многу славо, и се редат порази особено на домашен терен.
Куман се „сити“ што неговиот клуб игра слабо, и тврди дека во клубот е исто како што и тој беше тука, како и дека екипата и натаму е многу далеку од Реал Мадрид.
„Немав поддршка од претседателот. Се надевам дека Чави ја има затоа што е легенда на клубот. Во клубот е иста ситуација како кога бев јас. Промената на тренерот е најдобро решение. Не зборував премногу од почит кон клубот, но кога си одев Реал имаше осум бодови предност, сега предноста е двојна. Ме критикуваа затоа што го доведов Лук Де Јонг, а тој донесе пет-шест бодови во последните натпревари“, истакна Куман.
Тој додаде дека може да напише книга од тоа што се случуваше.
„Корона, заминување на претседателот, ги изгубивме Меси, Гризман…“, дополни Куман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА