Перез: Доколку се случи тоа се откажувам од Формула 1

Формула 1 последниве две години повторно стана популарна кај фановите, а главна причина за тоа беше ланската епска борба меѓу возачите на Мерцедес и Ред Бул, Луис Хамилтон и Макс Ферштапен.

Во календарот во моментов има 23 трки, а се поголеми се најавите дека таа бројка догодина може да се зголеми, што на голем број на возачите воопшто не им се допаѓа. Еден од нив е и вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез.

„Знам дека сакаат да ја прошират сезоната што уште неколку трки, но за мене тоа е неприфатливо. Имаме симулаторски сесии пред секоја трка и останати настани со партнерите. Практично немаме слободно време за себе и фамилијата. Имам две мали деца и мислам дека ќе престанам да се натпреварувам доколку календарот се прошири“, изјави Перез. 

 

Се вчитува...