Тенисер роден во Русија нема проблем со забраната на Вимблдон

На руските и белоруските тенисери нема да им биде дозволено учество на годинашното издание на Вимблдон, поради инвазијата на Руската федерација на нејзиниот сосед Украина. Еден од тенисерите кој не е погоден поради оваа одлука е Казахстанецот, Александер Бублик.

Иако е роден и израсна во Русија, тој го осудува нападот на оваа земја на Украина и тотално не му пречи тоа што голем дел од најдобрите тенисер (Медведев, Рубљов, Хачанов, Сабаљенка, Азаренка) нема да бидат дел од неофицијалното светско првенство.

„Не сакам да осудувам и да велам дали е тоа добро или лошо, но радо ќе кажам кое е моето мислење околу оваа забрана. Одлуката е на организаторите и тие имаат право да има забранат на тенисерите на Русија и Белорусија да настапат. Јас немам веќе руски пасош бидејќи двојното државјанство е забрането. Немам никаква поврзаност со руската тениска федерација. Јас сум Казахстанец и веќе шест години достојно ја претставувам оваа земја“, изјави Бублик. 

Се вчитува...