Емотивни сцени ни доаѓаат од Болоња по победата на овој клуб над Интер од 2-1. Тренерот на клубот, Синиша Михајловиќ се уште е во болница каде се бори со болеста, но докторката во клиниката кај што е сместен вели дека првпат го видела да се смее.
Неговите фудбалери иако не смееја да го посетат, дојдоа пред клиниката по триумфот над Интер, а тоа било и повеќе од доволно за одличниот стратег. Вечерва ќе ми биде потребна поголема терапија бидејќи нема да можам да заспијам изјавил Србинот.
Тој веќе месец дена е во болница, а единствен кој го посети е неговата сопруга на која на кратко и дозволија да влезе во собата на Велигден. Иако е изолиран веќе месец дена тој сепак последниве денови е одлично расположен.
„Не сакаат да ме пуштат докторите бидејќи тимот победува и без мене. Изгубете го следниот натпревар инаку ќе останам тука во болница“, им порача Михајловиќ на смеа на неговите фудбалери.
Фудбалерите на Болоња не ја кријат приврзаноста до одличниот стратег, давајќи му огромна поддршка во моментите кога му е најтешко.
„Тој ми даде толку голема сила кога ми беше важно, за Синиша би одел во војна без оружје во рацете“, истакна голгетерот Марко Арнаутовиќ, по што Лоренцо де Силвестри додаде: Михајловиќ не учи сите нас за животот, тоа е бесценето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА