Антонио Конте јавно ги демантираше гласините дека е сериозно заинтересиран за да седне на клупата на ПСЖ од наредната сезона. Дел од француските медиуми тврдеа дека Конте самиот им се понудил на „светците“, обелоденувајќи и дел од условите што ги поставил до управата на клубот за да го наследи Маурицио Покетино.
Сепак, трофејниот италијански стручњак јасно стави до знаење дека е фокусиран на својот ангажман во Тотенхем.
„Многу мразам кога моето име се користи за лаги, за измислување на лажни вести, чија единствена цел е да создадат проблеми на сите страни. Мора да се има почит, не да се измислуваат работи без да биде прашана било која страна, дали има барем ронка вистина во она што се пишува. Мило ми е што луѓето во фудбалот ја ценат мојата работа, но лошо е кога потоа некој ги злоупотребува за да измислува лажни вести“, истакна Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА