Голем фан на Челси понуди четири милијарди фунти за да го купи клубот од Роман Абрамович

Англискиот мултимилијардер Сер Џим Ретклиф испрати понуда во последен момент, во висина од огромни четири милиони фунти за да стане нов сопственик на Челси. Веста ја пренесоа бројни британски медиуми, според кои Ретклиф по средбата со претседателот Брус Бак се решил да испрати понуда за да го купи клубот од Роман Абрамович пред да истече последниот рок за поднесување на конкретни понуди за преземање на актуелниот европски првак.

Ретклиф важи за еден од најбогатите луѓе во Велика Британија, тој е сопственик на петрохемиската компанија Инеос и важи за голем фан на Челси и со години има сезонски билет и ги следи домашните средби на „сините“ на „Стемфорд бриџ“.

„Понудата беше официјално доставена утрово. Ние сме единствената британска компанија што сака да го купи Челси. Мотивите ни се едноставни – да имаме добар лондонски клуб. Не планирам да правам пари преку Челси бидејќи веќе заработувам преку многу други бизниси“, изјави Ретклиф.

 

Се вчитува...