Очигледно кратко ќе трае авантурата на Хамес Родригез во Катар. Родригез од јуни најверојатно повторно се враќа во Европа, и тоа извесно во дресот на лондонски Вест Хем во најсилната лига на Стариот континент.
Официјалните информации од актуелниот негов клуб, Ал Рајан, се дека е повреден поради што нема настап од 5. март. Но, се погласни се информациите дека намерно не игра затоа што сака да замине од Катар и да се врати во Европа.
Родригез претходно во својата кариера играше за Баерн, Реал Мадрид, Монако… Во Европа пристигна во 2010 година потпишувајќи за Порто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА