Низ целата своја кариера Лионел Меси беше навикнат се да се врти околу него на фудбалските терени. Но, се доаѓањето во ПСЖ каде е далеку од своето препознатливо ниво потполно засенет од Килијан Мбапе, кој полека но сигурно веќе се наметнува како најдобар светски фудбалери.
Аргентинецот сезонава е само на четири гола во Лига 1, што секако е поразувачки податок за човекот кој има дури шест „Златни копачки“ за најдобар стрелец во Европа.
И, на синоќешниот меч против Стразбур кој заврши без победник (3-3) брилјираше Мбапе со два гола, а Меси беше во тотален аут.
Многумина го обвинуваат и Мбапе дека себичен кон Меси и дека едноставно не сака да проигрува со Аргентинецот, но што волшебникот од Росарио дефинитивно не е навикнат. Првата ситуација се случи во финишот на првото полувреме при 1-1, кога Мбапе очигледно не го проигра Меси во одлична позиција, па шансата пропадна.
Mbappe is one of the most selfish players I’ve seen, why isn’t he passing this to Messi? pic.twitter.com/kVDvS9fbpI
— Stav (@stavfps) April 29, 2022
Најочигледниот пример на себичноста на Мбапе се случи во судиското продолжение при 2-3 за ПСЖ кога гостите имаа одлична ситуација да ја заокружат победата. Мбапе повторно го имаше осамениот Меси, но повторно се одлучи да шутира и промаши.
91’ Strasbourg 2-3 PSG
Mbappé through with Messi free:Minutes after this Strasbourg equalise 3-3
Yes, Mbappé is great, and yes he assisted a couple Messi goals. But the truth is atleast 20 times this season where Messi was free like this, Mbappé didn’t pass.
The truth pic.twitter.com/OysYXyJGe3
— mx (@MessiMX30ii) April 29, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА