Ерик Тен Хаг го очекува повеќе од напорна задача во Манчестер јунајтед во обидот да го врати клубот на старите патеки во англискиот фудбал.
Под водство на Холанѓанецот тимот ќе изгледа значително поразлично во обидот да се врати изгубениот идентитет на клубот. Според најавите од Островот се очекуваат шест врвни засилувања на „Олд Трафорд“, и тоа без Кристијано Роналдо.
Од промените во однос на актуелниот состав, на стоперската позиција би упаднал Матија Де Лихт од Јувентус, на местото на Мегваер. Во средниот ред се спомнува засилувањето од Барселона, Френки Де Јонг како и од Лидс, Филипс, додека на деснокрилната позиција би бил Пауло Дибала.
Нападот би бил резервиран за најскапото засилување од сите, Виктор Осимхен за кого ќе бидат издвоени 110 милиони евра за да биде доведен од Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА