Ефектен гол на Ѓокиќ во Штип, но Шкупи израмни по грешката на голманот Денковски (ВИДЕО)

Без предност за ниту една од екипите на двата денешни натпревари од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Голови единствено на дуелот во Штип каде Брегалница и Шкупи завршија со 1-1 по првите 45 минути.

Брегалница поведе уште во 15. минута по одличната акција по левата страна, одличното нафрлување на Коцев и ефектниот погодок со глава на Милан Ѓокиќ.

Но, по грешка на голманот на Брегалница, Денковски, Шкупи во 29. минута успеа да дојде до израмнување со голот на Адетунџи.

На дуелот во Тетово, Шкендија и Работнички играат без голови по првото полувреме.

ПРВА ЛИГА – 30. КОЛО (полувреме)

Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 0-0

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 1-1

Ѓокиќ 15′ – Адетунџи 29′

УТРЕ (17 ч.)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ

Тетово: РЕНОВА – СТРУГА ТЛ

Битола: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ

Велес: БОРЕЦ – СКОПЈЕ

Се вчитува...