Кошаркарите на Работнички запишаа нова победа во плеј-аут лигата од Првата македонска кошаркарска лига.
Тимот од Градски парк во 4. коло од плеј-аут лигата славеше со 98-92 против Куманово, благодарение на одлично одиграната трета четвртина.
А, натпреварот почна со тотална доминација на кумановци кои по одличните две воведни четвртини на полувремето заминаа со предност од 33-46.
Сепак, Работнички одигра феноменална трета четвртина која ја доби со 36-20, па во последните десет минути рутински се одржуваше предноста за конечни 98-92.
Најефикасен во победничкиот тим беше Едвин со 32 поени и 13 асистенции, а Какруки заврши со 17 поени. Кај Куманово се издвоија Јузбашиќ со 23 поени и Марјановиќ со 22 поени. Зивчевиќ имаше ефект од 16 поени, седум асистенции и осум скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА