Брегалница со шпалир, аплаузи и цвеќе го пречека Шкупи, а го испрати со четири „парчиња“ во мрежата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Максимално спортски фудбалерите, стручниот штаб и раководството на Брегалница го пречекаа новиот македонски шампион Шкупи пред денешниот натпревар од 30. коло во Првата лига во Штип.

„Сините“ со шпалир ги пречекаа пред излегување на терен новите шампиони, со аплаузи и цвеќе честитајќи им ја круната во македонскиот фудбал.

А, на крајот избраниците на Илчо Ѓорѓиоски ги испратија чаирчани, помалку и неочекувано, со четири „парчиња“ во мрежата и убедлива победа од 4-1 како еден вид реванш за оној есенски убедлив пораз на Чаир минатата година…

 

Се вчитува...