Интер ја продолжува шампионската трка со Милан по триумфот во Удине (ВИДЕО)

Интер ја продолжува шампионската трка со Милан откако славеше со 1-2 на гостувањето против Удинезе во 35. коло од Серија А.

Перишиќ со голот во 12. минута и Мартинез во 39. минута покажаа дека „нераѕурите“ се дојдени единствено по победа во Удине.

Во второто полувреме, Пусето успеа да постигне само почесен погодок за Удинезе за пораз од 1-2.

Интер, со овие три бода, повторно се врати на минус два бода од водечкиот Милан на три кола до крајот на шампионатот во Италија.

Се вчитува...