Емил Божиновски контролор на мечот Ајнтрахт.Ф – Вест Хем

Еден од највлијателните контролори на судењето на УЕФА, поранешниот наш најдобар меѓународен судија Емил Божиновски, доби нова задача од европската куќа на фудбалот. На 5. мај тој ќе го контролира судењето на реванш полуфиналниот меч во Лига на Европа меѓу Ајнтрахт Франкфурт и англискиот премиерлигаш Вест Хем. Во првиот меч во Лондон Ајнтрахт победи со 2-1.

Овој меч во Лига на Европа е вистинско дерби бидејќи и двете екипи во изминатите две кола постигнаа одлични резултати и како, по традиција одлично играат во гости . Во четвртфиналето  Вест Хем  дома одигра нерешено со Олимпик Лион (1-1) но  на гостувањето победи со 3-0. Пред овој меч Вест Хем ја елиминира Севилја со 0-1 и 2-0.

Ајнтрахт Франкфурт е уште поопасен гостин, елиминирајќи две шпански екипи. Прво на свој терен играше нерешено со Бетис со 1-1 но во гости победи со 2-1, а потоа  дома откако мечот со Барселона заврши без победник 1-1, на Ноу Камп направи вистински подвиг славејќи со 3-2.

/М.М/

Се вчитува...