Интер синоќа успеа да се опорави по поразот од Болоња и освои нови три бода на гостувањето кај Удинезе (1-2). По ваквиот исход тие и понатаму остануваат во борбата за лидерското место во Серија А.
Тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги истана дека е задоволен од победата.
„Тимот покажа победнички карактер против Удинезе, тимот кој одигра најдобро покрај нас во април. Сакавме да победиме и заслуживме да победиме во оваа тешка ситуација. Сакам уште еднаш да им се заблагодарам на навивачите, кои направија да се чувствуваме како да сме на домашен терен“,изјави Инзаги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА