Барселона договорила уште еден играч од средниот ред

Барселона наводно договорила уште едно засилување за следната сезона, после Франк Кеси и Андрес Кристенсен. Станува збор за играчот на Валенсија, Карлос Солер кој би требало да се пресели на „Ноу Камп“ за 20 милиони евра. Неговиот договор истекува во 2023 година, а Валенсија ќе сака да го пушти за да заработи нешто.

Доаѓањето на Солер би значело и заминување на Френки де Јонг за кој се интересираат Јунајтед и Баерн Минхен. Де Јонг може да замине за сума од 70 милиони евра, или пет помалку од оние кои Барса ги плати на Ајакс во 2019 година.

Барселона ќе биде во фокусот на вниманието во летниот преоден рок со оглед дека со трансфер во овој клуб се поврзуваат неколку големи имиња, пред се Роберт Левандовски кој наводно изразил желба да замине во Каталонија.

Се вчитува...