Каљари реши да му даде отказ на Валтер Мацари, но тој има клаузула која му го продолжува договорот до 2024 година.
Според италијанските медиуми, Каљари го отпуштиле Валтер Мацари, а клубот ќе го води тренерот на младинците, Алесандро Агостини.
Во договорот меѓу Мацари и Каљари има клаузула која вели дека ако тој добие отказ додека тимот е надвор од зоната за испаѓање, договорот автоматски му се продолжува до јуни 2024 година.
Каљари уште официјално го нема соопштено отказот на Мацари, но доколку е така како што пишуваат италијанските медиуми, тогаш тој уште две години ќе биде на платниот список на Каљари без разлика што нема да биде тренер.
⚠️ CAGLIARI, ESONERO E RINNOVO PER MAZZARRI
Il #Cagliari esonera #Mazzarri ma nel paradosso del mercato gli prolunga il contratto fino al 2024. Con l’esonero e la squadra non nelle ultime tre posizioni si attiva il rinnovo. Per la panchina, l’unica soluzione è #Agostini
— Sportitalia (@tvdellosport) May 2, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА