Ратко Павличевиќ нов селектор на одбојкарите

Одбојкарската машка репрезентација на Македонија доби нов селектор во името на српскиот стручњак Ратко Павличевиќ.
Павличевиќ доаѓа на кормилото на местото на Душко Николиќ, кој стана селектор на БИХ. Николиќ беше сменет по разочарувачкиот настап на националниот тим на ЕП.
Павличевиќ во минатото беше тренер на швајцарска Шеноа, а беше тренер на машката и женската екипа на Црвена Звезда, а има работено во Грција и Саудиска Арабија.
Македонија ја чекаат настапи во Сребрената одбојкарска лига и на Медитерански игри.

Се вчитува...