Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во финалето од Лигата на шампионите откако синоќа по пресврт славеа над Вилјареал и на гостувањето со 2-3.
Ова за „црвените“ ќе биде вкупно трето финале сезонава, откако претходно успеаја да стигнат до последниот натпревар и во Лига купот (кој го освоија) и ФА купот каде ги чека финале против Челси.
Тоа значи дека избраниците на Јирген Клоп годинава ќе ги одиграат сите можни натпревари, а на чекор се до и испишување на историја, станувајќи првиот тим кој успеал да освои четири трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА