Итудис ја напушта ЦСКА за нов европски гигант

Димитрис Итудис е на добар пат да ја напушти ЦСКА Москва и во текот на летово да се пресели на клупата на Фенербахче како големо засилување на турскиот гигант за наредната натпреварувачка сезона.

Веста ја упатија добро упатени кошаркарски медиуми, кои тврдат дека Итудис летово сигурно ќе си замине од ЦСКА. Рускиот тим ќе биде принуден да го намали буџетот во ситуација на големата криза, како и неучеството во Евролигата за сезоната 2022/2023 што ќе биде објавено наскоро. Итудис има договор и за наредната натпреварувачка сезона, но не планира да остане доколку тимот не се натпреварува во елитното европско натпреварување.

Од друга страна, Фенербахче има договор со Александар Ѓорѓевиќ, но големите осцилации во формата на тимот ќе му пресудат на српскиот стратег, кој на крајот од сезонава ќе го напушти турскиот гигант.

Итудис ќе добие и значителен буџет за ангажман на нови засилувања, со кои Фенербахче ќе има јасно зацртана цел – атак на титулите во турското првенство и во Евролигата.

Се вчитува...