Грчки Олимпијакос е последниот патник на фајнал-фор турнирот во кошаркарската Евролига. Тимот од Пиреја во мајсторката вечерва беше подобар на домашен терен од француски Монако со 94-88.
Гостите подобро го отворија натпреварот и одиграа одлично прво полувреме по кое имаа предност од седум поени разлика 41-48. Во третиот период домаќините одиграа за нијанса подобро, па нивната негатива по 30 минути изнесуваше само четири поени (66-70). Сепак, домаќините одиграа неверојатна последна четвртина во која го прегазија противникот и на крајот стигнаа до конечен триумф од 94-88.
Меккисик со 18 поени беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај поразените не беа доволни ниту 24 поени на Мајк Џејмс.
Претходно пласман на Ф4 турнирот во Белград обезбедија екипите на Реал Мадрид, Анадолу Ефес и Барселона. Фајнал-фор турнирот ќе се одигра во периодот од 19. до 21. мај во „Белградска арена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА