Големото кошаркарско дерби меѓу МЗТ Скопје и Пелистер минува во голема борба на теренот, но го одбележа и голем инцидент на трибините поради што мечот неколку минути беше во прекин.
Се играше 15. минута од дербито, а резултатот гласеше 33-28 за МЗТ кога дел од домашните навивачи стигнаа до трибината каде што се наоѓаат битолските „чкембари“, што значеше и почеток на голем инцидент. Страстите за десетина секунди се разгореа,па од трибината каде беа домашните фанови полетаа и столчиња кон битолчани, кои веднаш ги вратија назад кон аеродромци.
Полицијата успеа да интервенира да ги смири страстите, по што мечот продолжи, а останува надежта дека ова беше единствен инцидент на мечот на кој акцент треба да биде ставен на случувањата на теренот, а не на лудување на трибините.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА