Барса остана без важен играч пред четвртфиналето во ЛШ

Барселона ќе биде сериозно ослабена за четвртфиналниот двомеч од Лигата на Шампионите против Фленсбург откако беше обелоденето дека Лудовик Фабрегас морал експресно да биде опериран од апендитис.

Францускиот репрезентативец се чувствува добро, операцијата минала во најдобар можен ред, но лекарите препорачуваат пауза од терените од најмалку еден месец.

Првиот дуел од двомечот со Фленсбург се игра на 11 мај во Германија, реваншот е закажан за 19 мај во Барселона, а веќе е јасно дека Фабрегас нема никакви шанси за настап на овие натпревари. Доколку Барса успее да се пласира на Ф4 во Келн, големи се шансите Французинот да се најде во тимот за завршниот турнир, кој е закажан за 18 и 19 јуни во „Ланксес Арена“.

Се вчитува...