Играчите на Баерн се најдоа на удар на навивачите откако после поразот од Мајнц од 3-1 отидоа на забава на Ибица. Баерн пред натпреварот со Мајнц ја осигура 10-тата титула по ред, а играчите одлучија да прослават со заминување во Шпанија.
Експертите крајно критично се однесуваа кон играчите на Баерн, но не и Нагелсман, тренерот на „Баварците“.
„Не е дозволено такво однесување после натпревар. Да сум јас тренер, би ги казнил. Не би им дал слободни денови после таков натпревар“, рече Лотар Матеус, легендата на Баерн.
Нагелсман, пак, нема намера такво нешто да превземе…
„Како тренер сум одговорен за тренинзите и подготовките за натпревар. Играчите имаат доволно години самите да одлучат што ќе прават во слободни денови. Не сум им татко…“, изјави шефот на стручниот штаб на баварскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА