Кошаркарот на Барселона, Кори Хигинс подготвен е да се врати на терените по три месеци опоравување од повредата на левото стапало.
Американецот беше опериран на 14. февруари, а сега е подготвен да му помогне на тимот во најважниот период во годината во кој Каталонците ќе се обидат да ги освојат титулите во домашниот шампионат и Евролигата.
Во 13 настапи сезонава во Евролигата, Хигинс просечно бележеше по 9,2 поени во 22 минути поминати на паркетот.
Завршницата во Евролигата која ќе се игра во Белград е закажана за периодот од 19. до 21. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА