Елјиф Елмас и неговиот Наполи стигнаа до минимална победа на гостувањето кај Торино во натпревар од 36. коло во италијанската Серија А. Иако во првиот дел „наполитанците“ беа подобар противник, сепак на пауза се замина со почетните (0-0).
Во вториот дел гостите имаа шанса да поведат со 0-1 во 60. минута, но Лоренцо Инсиње не успеа да реализира пенал. Сепак, до крајот некако избраниците на Лучијано Спалети успеаја да стигнат до победата откако Фабијан Руиз стрелаше во 73. минута.
Македонскиот репрезентативец, Елјиф Елмас во игра влезе во 77. минута и ги одигра последните петнаесетина минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА