Слави Манчестер – Тотенхем му „откина“ два бода на Ливерпул (ВИДЕО)

Ливерпул направи чекор наназад во борбата за титулата во англиската Премиер-лига со Манчестер сити, откако вечерва одигра само реми 1-1 на домашен терен против Тотенхем во натпревар од 36. коло.

Иако домаќините беа подобар противник во првите 45 минути мируваа мрежите, па на пауза се замина со почетните 0-0. Во вториот дел гостите стигнаа до водство од 0-1 со голот на Сон во 56. минута. Диаз уште еднаш по кој знае кој пат се покажа дека е одлична аквизиција за „црвените“, откако успеа во 74. минута да израмни на 1-1.

Со овој бод „црвените“ се израмнија на табелата со Манчестер сити со по 83 бода, но сега „граѓаните“ се во уште подобра позиција бидејќи утре треба да го одиграат својот меч против Њукасл.

[deleted by user]
by insoccer

Liverpool [1] – 1 Tottenham – Luis Diaz 74'
by insoccer

Се вчитува...