Манчестер сити го искористи вчерашниот кикс на ривалот за титулата Ливерпул кој ремизираше против Тотенхем и на три кола до крајот направи предност од три бода на првенствената табела.
„Граѓаните“ по поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампионите на одличен начин се вратија во домашниот шампионат со победа над Њукасл од 5-0. Водство од 1-0 за домашниот тим донесе Рахим Стерлинг во 19. минута, додека до крајот на првиот дел веќе беше и 2-0 со голот на Лапорт. Во второто полувреме Родри во 61. минута зголеми на 3-0. 4-0 беше со погодокот на Фоден во 91, додека конечните 5-0 ги постави Стерлинг во 93. минута.
Manchester City 3-0 Newcastle United – Rodri 60’ from soccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА