И покрај елиминацијата од Реал Мадрид во ЛШ, Манчестер Сити сака да го продолжи договорот со тренерот на тимот Пеп Гвардиола. Ова го објави новинарот Николо Скира на својот Твитер. Според изворот, нов договор со 51-годишниот шпански стручњак може да биде склучен до 2025 година.
Актуелниот договор меѓу Гвардиола и англискиот тим истекува на крајот од следната сезона. Пеп го презеде Манчестер Сити во 2016 година. Под негово водство тимот освои 10 трофеи. Претходно, Гвардиола имаше успег со Баерн Минхен и Барселона.
По 35 натпревари во англиската Премиер лига, тимот на Гвардиола е на врвот на првенствената табела со 86 бодови, три бода повеќе од второпласираниот Ливерпул, а на двата тима им остануваат уште три натпревари до крајот на сезоната во Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА