Албански функционер е уапсен поради тоа што учествувал во грабеж на домот на ѕвездата на Реал Мадрид, Карим Бензема. 41-годишниот Алфред Продани е главен на криминалната организација која извршила кражба во домот на Бензема за време на „Ел класико“ против Барселона.
Тој е уапсен во Лачи и се очекува да биде екстрадиран во Шпанија каде ќе му се суди за кражба на десетици домови, вклучувајќи го и тој на Карим Бенезема. Францускиот напаѓач стана жртва на напад на 27 февруари 2019 година додека го играше познатото Ел Класико против Барселона на „Сантијаго Бернабеу“.
Обвинетиот е владин функционер кој со години бил директор на јавното водостопанство во Курбин, а на функцијата дошол поради врски со албанската социјалистичка влада.
„Краде од Бензема, а тие го поставуваат за директор. Ако успее да го ограби Меси, ќе го назначат за министер“, изјави лидерот на албанската опозиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА