Конте: Неуспешна сезона? Па видете каде се наоѓа Јунајтед со Роналдо во тимот

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте даде своја анализа за тежината на анлиското фудбалско првенство, потенцирајќи дека станува збор за една од најконкурентните и најтежките лиги во Европа.

Конте вели дека иако некои сметаат дека сезоната на Тотенхем е неуспешна, тој рече нека погледнат каде се наоѓа јунајтед во моментов.

„Јунајтед минатата сезона завршија на второто место, имаат играчи како Кристијано Роналдо, Џејдон Санчо и Рафаел Варан и може да завршат на шестото или седмото место. А вие зборувате за неуспех на Тотенхем? Мислам дека оваа сезона е многу успешна, особено поради односот што го направив со играчите и резултатите што ги постигнавме откако дојдов, но работата не е завршена, мораме да ја завршиме работата“, изјави Конте.

Се вчитува...