Севилја и подари бод на Мајорка во борбата за опстанок

Фудбалерите на Севилја и Мајорка одиграа без голови 0-0 во натпревар од 36. коло во шпанската Ла лига. Домаќините веќе заборавија како се победува. На средината од шампионатот беа во трка со „кралевите“ за титулата, а сега до крајот можеби треба и да се грижат за својот пласман меѓу четирите најдобри клубови во Шпанија и учество во Лигата на шампионите следната година.

Иако имаа дури 72 отсто посед на топка и многу повеќе шанси од гостинот, фудбалерите на Лопетеги не успеаја да го начнат голот на Мајорка. Севилја во моментов е четврта и на две кола до крајот има пет бода предност пред петтиот Бетис. За Мајорка ова беше голем бод во борбата за опстанок.

 

 

Се вчитува...